Ливриниќ го победи ковид-19: Вториот тест е негативен

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, која настапува за романскиот тим Глорија Бузау е негативна на коронавирус при второто тестирање.

Таа беше позитивна пред десетина дена, кога беше направено првото тестирање на сите ракометарки во романскиот шампионат пред почетокот на подготовките за новата сезона. Нашата ракометарка успеа да го победи вирусот и сега може слободно да се врати на тренинзи, односно на подготовките со целиот тим.