Лино Червар поради проблеми не се појавил на прес-конференција!

Хрватските ракометари утре играат против Норвешка во полуфиналето на Европското првенство, а на денешната прес-конференција не се појави нивниот селектор, Лино Червар.

Вчера, Хрватите одиграа 22-22 против Шпанија и не успеаја да го освојат првото место во групата, па затоа, ќе играат против Норвешка, која беше прва другата група. Јасно е дека ова е големо дерби и е многу тешка работа за Хрватска да обезбеди пласман.

Пред неколку минути заврши пресот за хрватскиот тим по повод утрешниот натпревари, а новинарите беа изненадени што селекторот Лино Червар не се појави пред камерите. Помошникот тренер Хрвоје Хорват објасни зошто Червар не бил во можност да присуствува на прес-конференцијата.

Лино има проблеми со гласот, му „пукна“, но ќе биде во ред до утре и нормално ќе го води натпреварот против Норвешка. Тие играат одлично и ние ќе сториме се што можеме за да го запреме Сагосен со одбрана 5-1. Но, Норвешка не е само Сагосен, истакна Хорват.