Лазаров: СП ми ги измеша плановите околу кариерата!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше еден од најатрактивните играчи на Мундијалот во Египет, од причина што 22 години подоцна се врати на местото каде што се појави пред светските очи. Симболиката е поголема, ако ова остане негово последно големо натпреварување, што не е далеку од реалноста.

Веќе некое време капитенот се има изјаснето на прашањето за неговите настапи во македонскиот дрес: Додека играм рракомет, ќе играм и за Македонија. Меѓутоа, во мај ќе полни 41 година и активната кариера нема да му трае уште долго. Во интервју за G-sport, меѓу другото, откри дека по учеството во Египет, плановите му се малку измешани.

„Светското првенство малку ми ги измеша малку плановите. Се надевам дека брзо ќе ја донесам мојата одлука и ќе ја информирам јавноста“, вели Лазаров.

Тој е критички настроен кон секој, кој не го дал максимумот за националниот дрес. Кои се такви? Секој треба да се погледне во огледало.

„Треба да се биде искрен, да се погледнеме секој поединечно во огледало и да се запрашаме дали секој од нас го даде својот максимум, индивидуално. И само така можеме да напредуваме. Може многу да се научи од ова СП, доколку бидеме искрени со себе“, дпополни капитенот.

Комплетното интервју можете да го прочитате на G-sport.