Лазаров: Раул е паметен, знаеше што да си присвои од Лино!

Македонија вечерва ја изненади Германија на почетокот и на крајот на натпреварот со тактиката „седум на шест“, а бидејќи ракометарите присебно ја спроведоа може да се каже и дека беше пресудна на крајот.

Капитенот Кире Лазаров откри дека ова го тренирале и во подготвителниот период, а плус им е тоа што го играа и на претходното Светско првенство, под водство на Лино Червар. 

„Тоа е еден плус во нашата игра, тактика која ја работевме и во подготвителниот период. Имаме и едно цело Светско првенство искуство од тој начин на игра. Секој паметен и интелигентен човек знае што да си присвои, да додаде нешто, тоа е големината, а ние го имаме Раул. Ни дава мир и спокојство, знаеме што сакаме, а кога ќе згрешиме знаеме зошто сме погрешиле, не лутаме, не се караме и тоа е најважно“, изјави капитенот, кој мечот го заврши со пет одбрани.