Лазаров: Ова не е најдоброто од нас, мораме многу подобро!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров истакна дека како предводник на националниот тим е среќен за пласманот на ново Европско првенство и обебзедувањето на првото место за подобра ждрепка, но посочи уште еднаш дека мора да играат многу подобро од тоа што го прикажаа со Грција на последниот меч во квалификациите во Струмица.

Македонија победи со 27-23 за да го завери првото место, со селекција која имаше доста сменет лик за овој меч.

„Среќни сме за новиот пласман на ЕП, но ова не е најдоброто од нас. Можеме и мораме подобро! Првото место ќе ни донесе подображдрепка, ако може тоа така да се каже. Игравме со различен тим од последниот меч, но ако направиме анализа и Франција, па и Германија се млади. Младите брилјираат во своите клубови, а тоа го разговаравме и пред мечот. Ние не се делиме на млади и стари, туку на добри и лоши. Мора и треба да има притисок за да успееме“, рече Лазаров.