Лазаров одбра 16 „медитеранци“, со едно лево крило ќе летаме до Оран

Кирил Лазаров реши кои 16 ракометари ќе го бранат македонското знаме на Медитеранските игри во Оран, кои почнуваат в петок. 

По селективните тренинзи, од широкиот список отпаднаа четворица: Цветан Кузмановски и Емилијан Ѓорговски од Пелистер 2 и Теодор Тодевски и Иван Галевски од Алкалоид. Тоа значи дека во репрезентацијата ќе има само едно лево крило, Петар Атанасијевиќ, со тоа што има други ракометари од ростерот кои би можеле да покријат ако тоа е потребно.

Намерата на ова натпреварување да се настапи со подмладен состав и да им се даде шанса на помладите да се наметнат за А-селекцијата, која веќе наесен ќе има предизвици, со квалификациите за ЕП 2024, а во јануари ќе игра на СП 2023. Натпреварите во Оран почнуваат на 28 јуни, против Грција, а во група сме уште и со Шпанија, Турција и со Алжир. Првите две места во групата изборуваат полуфинале.

 

Голмани: Марко Кизиќ, Васил Гогов
Лево крило: Петар Атанасијевиќ
Леви бекови: Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
Средни бекови: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Марко Митев
Десни бекови: Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Мартин Серафимов
Десни крила: Ненад Костески, Александар Петковски
Пивоти: Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ