Лазаров: Ќе бидам искрен, користевме „финти“ и од Раул!

Македонската репрезентација ја израдува цела јавност со победата над Исланд, на гостински терен (34-33), нешто што ни успеало првпат во богатата историја на наши мегусебни дуели. Капитенот Лазаров истакна дека е задоволен и дека резултатите како овој се заслуга не само на овие момци и на новиот селектор Данило Брестовац, туку на сите што работеле со македонската репрезентација во минатото.

Капитенот како ретко кога имаше поддршка од целата екипа. Најефикасен беше Георгиевски, Манасков го реши натпреварот, а Талески ја носеше Македонија на рамена со три важни гола во последните пет минути. Така некако би изгледала олицетворена на терен изјавата на Лазаров при првиот собир: Ни треба победнички менталитет.

„Уште во понеделникот најавив дека треба да размислуваме позитивно, да веруваме, без разлика со кого играме, макар и со Франција. Тоа не го зборувам на памет. И по многу болни и големи порази сум велел дека имаме квалитет, дека Македонија е ракометна нација и јас цврсто верувам во тоа. Тоа треба да го искористиме и да ги радуваме сите Македонци во Македонија и надвор од неа“, рече Лазаров по дуелот во Рејкјавик.

За денешниот дуел рече дека одигравме со глава, му честита на Брестовац за дебитантската победа, но без да му одзема од заслугите истакна дека „украле“ финти и од она што две години ги советуваше Раул Гонзалес.

„Што се однесува до денешниот натпревар многу сум задоволен. Одигравме цврст натпревар, добар натпревар, со глава, во секој момент знаевме што правиме. Ќе бидам искрен, дека користевме работи и од нашиот поранешен селектор Раул Гонзалес. Се разбира, сакам да му честитам и на Данило Брестовац, не сакам да му ја одземам и нему оваа победа, но имавме ден, ден и пол за подготвување, но оваа македонија е резултат на сите што некогаш работеле со репрезентацијата“, истакна капитенот.

Со овие два бода Македонија собра четири и се изедначи на првото место во квалификациската група токму со Исланд. Мегутоа, сега ние имаме шанса на домашен терен, в недела да забележиме победа која, практично, ќе не пласира на ЕП 2020.

„Во скопје ќе биде многу потешко, Исланд овде малку не потцени. Ќе биде повторно до нас, до нашите глави, знаеме какви сме и колку знаеме. Ќе биде голем мотив, ќе треба концентрација, посветеност како професионалци и само така може да оствариме добар резултт. ПЛанираната победа ја остваривме ипоттикнати од тоа што Турција ја совлада Грција, имавме малку позитивни мисли, знаевме дека можеме да изненадиме“, заврши капитенот.