Лазаров: И по моето пензионирање очекувам големи работи од Македонија!

Иако во мај ќе наполни 39 години, Кире Лазаров сè уште е моторот на македонската ракометна репрезентација. Тоа го покажа и на натпреварот со Исланд, во Скопје, во кој беше најдобар стрелец, со осум гола.

Сепак, капитенот смета дека тој не е веќе клучниот фактор во нашата репрезентација, дека со натпревари како овој созреваат помладите и дека оваа Македонија може да напредува многу, па да остварува големи работи и по неговото пензионирање.

„Треба да одиме напред, главите горе. Пофалба до сите, почнувајќи од...ајде Деки е веќе искусен играч, за  Кузмановски, за Талески, тој на пример придонесе со една позитивност, за разлика од Светското првенство, додаде импулс повеќе и добивме уште повеќе на квалитет. Мое мислење е дека имаме простор за голем напредок со оваа репрезентација. Има играчи и кои не се во оваа репрезентација, а можат да дадат придонес. Селекцијата може да се направи, не да биде 16-20 играчи, туку 30 играчи, со добра конкуренција и добар систем на работа. Во иднина не треба да очекуваме само пласмани на првенства, туку и големи работи, дури и јас кога ќе се пензионирам. Тоа навистина го замислувам и го посакувам“, изјави Лазаровл