Кузмановски со пет голови го почести Балинген на Талески

Магдебург славеше победа од 34-32 на гостувањето кај Балинген во рамки на 25.коло во ракометната Бундеслига. 

Филип Кузмановски одигра одличен натпревар за гостите и беше меѓу најдобрите со пет голови од пет обиди. Дамгард постигна девет голови во победничкиот тим. Во составот на Балинген, Филип Талески не постигна ниту еден гол за домашниот тим, бидејќи целиот натпревар го преседе на клупата. 

Со оваа победа Магдебург се искачи на 3.место на табелата во Бундеслигата со 35 бодови, но и натпревар повеќе од ривалите. Балинген е претпоследен со 15 бодови.

Вечерва во Бундеслигата свој настап имаше и голманот Мартин Томовски, кој имаше три интервенции во победата на неговиот тим на гостински терен кај Ерланген од 27-23.