Кузмановски го водеше Хановер до триумф против Вецлар и Миркуловски

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски го предводеше Хановер до триумф од 25-24 против Вецлар во рамки на 27.коло во Бундеслигата. 

Нашиот играч беше прв стрелец во победничкиот тим со шест голови од седум обиди. На спротивната страна беше Филип Миркуловски, кој пак не успеа да се запише во листата на стрелците, но имаше две асистенции.

За Хановер ова беше прва победа по пет порази по ред и сега се наоѓа на 14.место во Бундеслигата со 20 бодови. Вецлар е седми со 28 бодови.

Денеска во германската елита настапи и голманот Мартин Томовски. Тој имаше шест обрани на голот на Лудвигсхафен во поразот од 35-29 кај лидерот Флензбург.