Карачиќ: И Македонија има сила да го победи Исланд, но ќе треба...

Единствениот хрватски кој се уште игра во Скпоје е Игор Карачиќ, кој вечерва исто така „изгина“ во победата против Исланд, придонесувајќи со два гола. 

Најважно од сѐ во победата на Хрватска против Исланд, за Карачиќ е менталната сила која ја покажале. Сепак, признава дека имаа грешки кои ќе работат да ги поправат.

“Драго ми е дека победивме, дека покажавме ментална сила. Да водите со плус четири, потоа да губите со минус два и повторно да се вратите. Тоа не е лесно, особено кога нивниот голман фаќаше многу топки, а Палмарсон погодуваше се. Горд сум на тоа, но мора да провериме каде ни беа грешките, да анализираме и да се подготвиме за следниот меч, со Јапонија“, вели Карачиќ.

И ние и тие почнавме со победи, но нивната е против Исланд, еден од реалните конкуренти за пласман во следната фаза. Како е рецептот за и ние да го добиеме Исланд?

„Уфф...Не знам што да ви речам, навистина е тешко. Денеска ја гледав Македонија малку, ми делуваат доста добро, доста компактно и со добра одбрана. Мислам дека Македонија има сила да го победи Исланд, меѓутоа - мора да го запрете Палмарсон“, одговори бекот на Вардар.