Кадетите загубија од Романија со еден разлика во драматичен финиш

Македонските ракометари до 18 години претрпеа пораз и на вториот натпревар на пријателскиот турнир во Васлуи.

Домашната репрезентација на Романија славеше со 27-26 против македонските надежи благодарение на подобрата игра во вториот дел. Претходно Македонија диктираше и однесе водство до 16-14 на паузата.

За разлика од широкиот репертоар решенија во нападот од првото полувреме, во второто падна концентрацијата и стана луксуз да се погоди романскиот гол. Нашите противници направија пресврт и го презедоа водството некаде по десетина минути игра, а со серија од 3-0 се одлепија и на 23-20 близу 45. минута.

Проблем беше реализацијата, особено од крилни позиции и низата интервенции на противничкиот голман. Сепак, Македонија се врати и успеа да изедначи на 26-26 на две минути до крајот иако играше со исклучен играч. Романците погодија во својот напад, но нашите момци не успеаја да се справат со агресивната одбрана.

По вчерашниот пораз од Израел (27-29), останува уште мечот со Украина, утре во 10.30 часот. Украинците вчера ја победија Романија со идентични 29-27.