Изненадување пред Германија: Раул го извади Филип Лазаров од составот!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација раул Гонзалес пред последниот натпревар во групната фаза против Германија во рамки на Групата Ц на Европското првенство реши да направи една измена во составот.

Филип Лазаров ќе го скокне натпреварот со Германците и ќе се пресели на трибините, додека во составот влегува специјалистот за одбрана Велко Маркоски. Оваа измена е мало изненадување ако се знае дека Лазаров одигра одлично на двата претходни натпревари со Словенија и Црна Гора, но веројатно се работи за повреда.

Лазаров имаше мали проблеми и за време на подготовките, кога го мачеше задната ложа. Веројатно се работи за претпазливост да не се влоши неговата состојба, па затоа нема да биде во комбинација за дуелот со Германија, што започнува денеска од 18.15 часот во Загреб.

Левиот бек на Европското првенство постигна вкупно пет голови од пет удари, два реализираше со Словенија во клучните моменти од натпреварот, а три пати погоди во мрежата на Црногорците.