Исланд во одличен меч ја запре Португалија

Исланд ја запиша првата победа во втората фаза на Европското првенство (ЕП), откако денеска славеше против Португалија со 28-25.

Исланд го отвори мечот со одлична серија од 4-0, по што продолжи сигурната игра и наскоро Исланѓаните имаа водство од 7-1. Сепак, како Португалија почна полека да се буди и на полувреме замина само со два гола негатива (12-14).

Португалија успеа да направи и пресврт на почетокот на второто полувреме (17-16), но Исланд набрзо ја врати предноста која ја одржуваше до самиот финиш и триумфираше со 28-25.

Најдобар во редовите на Исланд беше Смарасон со осум погодоци, а кај Португалија четири погодоци постигна Мартинс.