Голот на Лазаров за единствената победа на Евро2020 во „топ 10“ од првата фаза (ВИДЕО)

Македонија експресно за шест дена ја заврши авантурата на годинешното Европско првенство во ракомет, кое се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска, па за нашиот најлош настап после повеќе од деценија ќе остане запишано само дека највозбудливо победивнме на еден меч – со гол во последната секунда преку Кире Лазаров.

Погодокот на Лазаров на отворањето на ЕП против Украина за триумф со 26-25 се најде меѓу десете најубави голови по првата фаза на Евро 2020. Лазаров погоди на секунда пред крајот за наша голема радост, ама таа единствена победа беше недоволна за да се помине првиот филтер на ЕП, кое првпат се игра со 24 селекции.

Денеска веќе почна разигрувањето во групите од главната фаза, па за Македонија ќе останат сеќавањата на овој погодок кој ја крена нацијата како најубав момент во ужасната претстава на ракометарите во Виена.