Германците подобри од незгодната Португалија за петто место на ЕП

Германија успеа да триумфира со 29-27 во возбудливиот меч против Португалија во борбата за петтото место на ракометното Европско првенство (ЕП).

Германија имаше добар почеток на мечот, па постојано ја има предноста на својата страна, која неколку пати изнесуваше два голови разлика, а на полувреме Германците заминаа со водство од 14-13.

Германците во второто полувреме направија серија од 3-0, па поведоа со 18-15, но потоа Португалците успеаа да направат и пресврт за водство од 26-24. Сепак, сигурниот финиш на германската машинерија во последните минути им донесе триумф од 29-27.

Најдобар во победничкиот тим беше Јулиус Кун со шест постигнати голови, а кај Португалија по четири погодоци постигнаа Фераз и Боргес.