Германците ја „торпедираа“ Австрија и ќе играат за петто место на ЕП

Германските ракометари успеаа да слават против Австрија со 34-22 во втората фаза од Европското првенство и така си обезбедија дуел за петтото место на натпреварувањето.

Австријците речиси половина од првото полувреме имаа минимално водство (10-9), но во финишот од првиот дел Германците направија пресврт, па со серија од 3-0 во последните минути стигнаа до 16-13.

Германците имаа одличен почеток во второто полувреме, каде што поврзаа неколку серии и како минуваа минутите така растеше нивната предност до конечните 34-22.

Најдобар во германскиот тим беше Кастенинг со шест гола, а него го следеше Рајхман со пет погодоци. Додека на спортивната страна Билик постигна пет гола.