Георгиевски: Тешко е да се гледа Македонија на ТВ, но еве сега сум тука

Гоце Георгиевски не беше дел од репрезентацијата на Светското првенство во Египет изминатиот јануари. Искусното десно крило се опоравуваше откако беше болен од Ковид-19. 

Сега е повторно дел од националниот тим во квалификациите за Европското првенство, но вели дека воопшто не е лесно да се гледа тимот преку малите екрани, особено кога резултатот не оди во прилог.

„Тешко е кога ја гледаш Македонија пред ТВ, тешко е кога не си дел од репрезентацијата. Мене првпат ми се случи да на едно натпреварување да седам дома, не беше ни малку лесно, но тоа е, колку можеш ќе издржиш ама сепак не беше лесно. Еве сега повторно сум тука, најважно сум здрав, се надеваме на подобри резултати. Бевме малку повеќе од предвиденото во изолација, но најлошото помина“, вели Георгиевски.

Ракометарот на Вардар смета дека Македонија има талент и гледа оптимистички кон промените во националниот тим. 

„Секако изгледа оптимистички, треба да гледаме позитивни кон сето ова. Мислам дека има потенција и иднина во оваа репрезентација, има добар матријал да се работи, има доста млади играчи, кај кои има напредок. Да не се лажеме, како што кажа селекторот тука има доста работа, ова е само почеток. Сега имаме и нов селектор, но јас секогаш гледам позитивно и сето ова ќе се движи во еден добар правец.