Филип Талески: Потпишав за Белинген за да играм стандардно

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески, ја даде и својата прва во новиот клуб Белинген, каде истакна дека за неговиот трансфер се погрижил црногорскиот ракометар, Владан Липовина, кој му дал позитивни комантари за новиот тим.

Се со цел да добие поголема минутажа, тој ова лето одлучи да го напушти тимот на Рајн Некар Левен.

Едвај чекам да се појавам на теренот, да почнам да играм редовно. Доаѓам овде бидејќи верувам дека ќе имам шанса да играм стандардно, што е најважно за мене во моментов. Разговарав со Владан Липовина, кој ми помогна да се решам бидејќи ми кажа само позитивни работи за тимот, тренерот и за целокупниот клуб, изјави Талески за клупската веб-страница на Балинген.

Челниците на повратникот во Бундеслигата исто така се презадоволни од реализацијата на овој трансфер.

Го баравме Талески од моментот кога стана јасно дека за него ќе нема иднина во Рајн-Некар Левен, по потписот со Лагард. Ги интензивиравме разговорите и сега конечно постигнавме целосен договор. Голема благодарност до раководството на Рајн-Некар Левен, без чија помош трансферот на овој голем талент на европскиот ракомет во редовите на Балинген ќе беше невозможен, истакна претседателот Волфганг Штробл.