Филип Лазаров се враќа за Шпанците, Раул се откажа од еден пикер

Раул Гонзалес ја искористи првата од двете можни замени во главната фаза на Европското првенство во Хрватска, за да го врати Филип Лазаров во екипата.

Левиот бек на Бешикташ е добар по малата повреда и ќе се врати да помогне против репрезентацијата на Шпанија. Место ќе му отстапи Никола Маркоски, што значи Раул првпат ќе биде без тројца пикери на еден натпревар.

Филип Лазаров одигра одлично на првите два меча, со ефект пет од пет, но го повреди бутниот мускул, па фактот што бевме први во групата и играме дури в недела му излезе во пресрет за комплетно да се рехабилитира.

Никола Маркоски досега беше повеќе користен во одбраната, има само еден од еден во нападот, меѓутоа за дефанзивните задачи тука е неговиот брат Велко. Тој влезе во составот токму пред 3. коло, кога Лазаров се повреди.

Мечот против Шпанија се игра утревечер во 20.30 часот.