Фалангата во делириум: Ракометните херои дојдоа во фан-зоната (ВИДЕО)

Македонските навивачи вечерва се во делириум. Ракометните херои, кои успеаа да го освојат првото место во групата дојдоа во фан-зоната во клубот „Роко“ во Загреб и со тоа еуфоријата доживеа кулминација.

Фалангата ги слави своите херои, од стотици грла се пееше „Излези момче“, се величеа ракометарите кои повторно ги разгалија срцата на сите Македонци со борбата и успесите на едно натпреварување.