ЕХФ се чуди: Кој ли очекуваше Македонија да биде пред Германија, Данска, Шпанија?!

Македонската репрезентација ги импресионира сите кои го гледаа Европското првенство во Хрватска, се повеќе со секој нареден натпревар. На крајот од првата фаза по групи, на официјалната страница на првенството излезе анализа во која се делат комплименти за нашите момци.

Македонија и Франција почнуваат како најдобри во втората фаза. Така почнува текстот на официјалниот вебсајт на првенството, со анализа, но и пофалби за играта на Македонија. Новинарите на ЕХФ ги издвоија позитивните работи, а покрај нашата репрезентација, опишуваат уште седум други моменти кои го одбележале првенството.

„Кој ќе очекуваше дека Македонија ќе заврши зад фаворитите како Германија, Данска или Шпанија. Но тоа е спортот. Очигледно, времињата се менуваат и Кире Лазаров не е повеќе осамена ѕвезда. Досега, левото Крило Дејан Манасков го игра своето најдобро првенство, одбраната е цврста, а во нападот очигледно е влијанието на новиот тренер Раул Гонзалес. Секако, мора да имате и малку среќа штом двапати сте победиле со по еден разлика, а еднаш сте одиграле реми – но сите поени на Македонија се заслужени.“, пишува во текстот.