Е дури сега тешко на Србите: Исланд ја изненади Шведска!

Почна Европското првенство во Хрватска со изненадување на една од двете први средби. Исланд ја совлада Шведска и дополнително ја замрси и онака возбудливата група А.

Исланд и Србија важеа за екипи од втор ешалон покрај Хрватска и Шведска, во групата во Сплит, арно ама Исланѓаниве вечерва ја совлада Шведска со 26-24. Одиграа фантастично прво полувреме, го добија со 15-8 и уште тогаш го решија мечот. Швеѓаните ги составија своите редови во второто полувреме, но дозна, откако си дозволија да губат и со десет разлика (12-22).

Овој резутлат е изненадување, затоа што Исланд се пласираше на ЕП како најслаба репрезентација од квалификациите, односно, како најдобрата третопласирана, играјќи во група со Македонија.

Не дека однапред се распределени бодовите, но „планот“ беше дека Исланд и Србија меѓу себе ќе играат за третата позиција. Вака на Србите може да не им биде доволна само победа против Исланд, па да мора да бркаат бодови против фаворизираните Хрватска и Шведска.

Во вториот вечерашен натпревар Белорусија тесно ја совлада Австрија со 27-26,. во тесен натпревар, но водеше, речиси, сите 60 минути. Вечерва се играат вторите мечеви во овие групи, во Сплит Хрватска против Србија, во Пореч, Франција со Норвешка.