Дувњак објасни што треба да поправи Хрватска ако сака да го освои златото на ЕП

Хратската ракометна репреентација во недела од 16.30 часот против Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство (ЕП) во Стокхолм.

Тоа ќе биде прво финале на Хрватска по десет години, а мечот против Шпанија го најави Домагој Дувњак, кој откри што треба да се поправи во играта.

„Искрено, се испразнивме, но денеска имаме слободен ден и можност да се подготвиме за финале. Мора да одиграме фантастично и да дадеме максимум од себе, а јас се надевам на победа. Тргнавме против Шпанија со 5-1 одбрана и успеаа да не растурат во првите минути. Потоа ја променивме одбраната во 6-0 и ни тргна, па мислам дека треба да го анализираме мечот и токму играта во дефанзива да ја поправиме“, порача Дувњак.