Дури и против Германија, ЕХФ ни додели судии од Источна Европа!

Германците деновиве се на тапет на европската или барем на балканската јавност, со етикета милениче на ЕХФ, арно ама за утрешниот натпревар против Македонија ќе судат арбитри од „нашиот“ дел на Европа.

Правдата на мечот меѓу Македонија и Германија ќе ја дели белоруската двојка Андреј Гуско и Сергеј Репкин. Овие судии ни се познати затоа што често суделе на македонски екипи и често доаѓале во Скопје, затоа што се на списокот арбитри на СЕХА-лигата.

Затоа, пак, ЕХФ-супервизори, односно, делегати на овој натпревар се Швеѓанецот Хелмут Олсон и Петер Виле. Досега на ова ЕП, Сергеј и Гуско веќе износија на грб едно големо изненадување, она во групата Д, каде што Чешка ја победи Данска со 28-27.

Утрешниот натпревар се игра во 18 часот и 15 минути.