Драма на мечот Тунис - Бразил: ВАР призна, па поништи гол! (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на натпреварот меѓу Тунис и Бразил (32-32), по што важна улога одигра и ВАР-технологијата.

Бразил постигна два гола за 30 секунди, по што Тунис имаше шанса да обезбеди триумф во последните 10 секунди, а ударот заврши во пречката, по што топката падна на линијата.

Судиите ја прегледаа снимката, по што најпрво признаа погодок за Тунис, а веднаш потоа ја прегледаа уште еднаш ситуацијата и донесоа поинаква одлука.