Дополнителен мотив пред Шпанија: Георгиевски по вторпат стана татко!

Македонските ракометни репрезентативци добија дополнителен мотив вечерва да одиграат најдобро што можат и да пробаат да ја изненадат Шпанија (20.30 часот), за со евентуална победа над големиот фаворит да му ја честитаат новородената ќерка на Гоце Георгиевски, кој денеска по вторпат стана татко.

Радостана вест ја сподели популарниот Џомба преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека неговата сопруга Симона на свет донела женско дете.

„Уште еден посебен ден за мене измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона Георгиевска што овој ден го направи посебен за нас, да ни е жива и здрава ќерката“, напиша македонскиот репрезентативец.

 

 

Георгиевски постигна вкупно три гола на досегашните три средби на Македонија на Мундијалот во Германија и Данска и тоа по еден на секој од трите натпревари – против Јапонија, Бахраин (две победи) и Хрватска (пораз).