Данило Брестовац повеќе не е селектор на Македонија!

По завршувањето на Светското првенство во Египет, Македонја ќе бара нов селектор на ракометната репрезентација, бидејќи Данило Брестовац и РФМ решиле да ја прекинат соработката.

Од Федерацијата се огласија одлуката да заврши ангажманот на Брестовац била заедничка.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, пишува во соопштението од РФМ.

Брестовац дојде на чело на македонската репрезентација во јуни 2019 година и веднаш ја пласира на ЕП 2020. На тој европски шампионат не успеа да ја мине групната фаза и го освои 15. место, а сега заврши на 23. позиција на СП во Египет. Претходно, Брестовац работеше во националниот тим и како помошник на селекторот Ивица Обрван.

Македонија ја очекуваат два квалификациски дуела за ЕП 2022 против Данска, на почетокот на март, така што, важно ќе биде РФМ бргу да назначи нов предводник.