Чудесниот Митревски нѐ држи во игра против Шпанија!

Македонија игра неверојатен натпревар со Шпанија во Минхен, во претпоследното коло од групната фаза на СП.

По 30 минути игра резултатот застана на 12-13 за евроскиот првак, а главен виновник за тоа е џокерот од клупата на Раул Гонзалес, Никола Митревски. Резервниот голман на Македонија запиша импресивни 11 одбрани само во првото полувреме држејќи го водството на Македонија константно речиси цело време.

Во 10. минута имавме највисоки 5-2, но Шпанците ја стопија предноста и играа гол за гол до крајот. Сепак, вреди да се истакне дека беспрекорно брани и Гонзало Перез Де Варгас на спротивната страна, со осум интервенции досега, запирајќи неколку наши зицери.