„Честитки за момците, но ваква игра - не го полни срцето!“

Долгогодишниот „министер за одбрана“ во македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, за ова Светско првенство остана во Скопје. Километрите нема да му ја намалат возбудата на секој натпревар на неговите колеги, во Каиро, само што наместо дресот на Македонија, овој пат ги брани боите на Спорт1.

Борко е нашиот стручен аналитичар, кој со малку поекспертски очи ни ги доловува настапите на нашата репрезентација во Египет.

Честитики Македонијо! Успеавме да се израдуваме на победата на македонските репрезентативци и да се пласираме во следниот круг на СП. Дали треба да сме срекни? Апсолутно да!

Затоа што се надевам дека ова ке биде кршење на мразот и веќе против Словенија ќе бидеме далеку подобри. Дали може да сме задоволни од играта е вистинското прашање. Според моите спортси стандарди и сфакања на ракометот и спортот - апсолутно не смееме да бидеме задоволни од играта. Затоа што Македонската јавност била многупати сведок на вистинска неизвесност до самиот крај на големите натпреваруванја, а сега сме САМО учесници.

Тоа никако не смее да ни биде патот и размислувањето, кое треба да го градиме доколку сакаме успех. Квалитетот на денешната игра едноставно не може да ни ги наполни срцата и душите, затоа што до самиот крај имаше наезвесност со репрезентаија од рангот на Чиле. Но, да пробаме уште еднаш да ги разбереме младите репрезентативци, да им дадеме поддршка и да им држиме среќа во среда, (најверојатно) против Словенија.