Братскиот цепелин на Лазарови е дел од најдобрите потези на СП (ВИДЕО)

Македонската репрезентација го почна Светското првенство (СП) во Германија и Данска со триумф од 38-29 против Јапонија, а мечот го одбележаа многу атрактивни акции, меѓу кои и цепелинот на браќата Лазарови.

Кире Лазаров му асистираше на неговиот брат Филип, кој постигна одличен гол, а тоа беше доволно за да се најде во изборот на најдобри пет акции за вчерашниот ден на СП.