Борко со мајагери им уништи карате-акција на Јапонците! (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација уште во првото полувреме дојде до повеќе од солидна позитива во пресметката против Јапонија, прва на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, а еден од најзаслужните дефинитивно е голманот Борко Ристовски. Чуварот на мрежата на португалска Бенфика имаше неколку фантастични одбрани, меѓу кои убедливо најатрактивна беше таа кога го сопре обидот за цепелин на Јапонците.