Борко се огласи: Чест ми е што сум дел од тимот на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, не чекаше долго за да се јави со свои зборови на социјалните мрежи, откако излезе веста дека станал дел од тимот на Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДМПНЕ.

Без да му треба многу прилагодување за да му легне новата улога, Борко истакна дека му е чест што ќе биде дел од тимот на Мицковски и дека имаат во план многу проекти со кои ќе се подобрат условите за работа на спортските федерации, клубовите и на спортските работници.

Ристовски веќе втора сезона брани за Бенфика, во Лисабон, но иако планира живот со своето семејство таму, очигледно нема намера да биде отсутен и во Македонија и тоа на политичката сцена.