Белорусија ја преслуша Чешка и ѝ го скрати сонот за ЛОИ

Ракометарите на Белорусија ги запишаа првите бодови во главата фаза на Европското првенство што за прв пат се игра во три земји, откако на првиот меч за денеска, славеше над  Чешка со 28-25 (13-11).

Токму поради овој триумф на Белорусите, сега местото во Олимписките квалификации е реалност за оваа селекција.  

Белорусите започнаа одлично, реализираа речиси се што им се укажа, а резултатот најчесто беше израмнет во првиот дел. Здрахала одлично го почна вториот дел и со два гола го изедначи резултатот, а потоа следеше игра гол за гол, се до серијата на Николенкау и 22-20 за Белорусија на средина од вториот дел. Со головите на Кашпарек, Чешка повторно израмни на дванаесет минути до крајот на натпреварот, а вистинска драма беше видена во финишот од мечот. Никуленкау ја презеде одговорноста и погоди за 25-23 на пет минути до крајот, а тоа се покажа и како клучен момент на оваа средба.

Најефикасни во победничкиот состав беа Ваилупау со шест и Каралек, Јуринок и Никуленкау со по пет гола, а кај Чешка се истакна Здрахала со седум погодоци.

Попладнево се играат уште натпреварите Германија – Хрватска и Австрија – Шпанија во рамките на виенската група.