Белорусија издржа едно полувреме, Шпанија го декласираше противникот

Шпанија славеше со убедливи 37-28 во мечот против Белорусија во главната фаза од Европското првенство, па во последниот меч пред полуфиналето ќе се борат против Хрватска за првата позиција во групата.

Шпанија имаше тежок почеток против Белорусите, па во првата 10 минути постојано губеа со 2 разлика (4-6), но потоа успеаа да направат пресврт и со минимални 17-16 да заминат на пауза.

„Црвената фурија“ во второто полувреме покажа зошто е европски шампион и на половина на вторите 30 минути имаа предност од 28-22, по што на крајот триумфираа со 37-28.

Најдобри во шпанскиот состав беа Фернандез и Соле, кои постигнаа по седум гола, додека во редовите на Белорусија најмногу се покажа Ваилупау со осум гола.