Ристовски и официјално се пресели во Португалија! (ВИДЕО)

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, следната сезона ќе брани за португалскиот тим Бенфика, откако денеска и официјално беше пречекан како едно од најголемите засилувања за овој клуб.

Според португалските медиуми, станува збор за едногодишен договор со ветеран, кој последните две сезони бранеше за каталонскиот состав со кој дојде до двоцифрен број трофеи. Со ова само се потврдија најавите од пред три месеци кога се појавија првите шпекулации за неговиот трансфер во Португалија.

Претходно ја освои шампионската титула во Германија со Рајн Некар, а летово беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Романија и пласманот на Македонија на Светското првенство (СП) 2019 година. Тој ќе биде втор македонски репрезентативец на голот на Бенфика, по Никола Митревски кој пред една сезона настапуваше за овој тим.