Ако Македонија се падне во Минхен на СП, тогаш оди на Червар и Хрватска!

Во пресрет на ждрепката за Светското ракометно првенство во 2019 година, домаќините Данска и Германија соопштија кои репрезентации ќе бидат „врзани“ за градовите домаќини во полудиригираната ждрепка.

Од претходно се знаеше дека Германија ќе игра во својата престолнина, Берлин, во групата А, додека Данците, пак, го одбраа Хернинг, во групата Ц. Вториот свој град-домаќин, Копенхаген, Данска ѝ го додели на Шведска. Германците, пак, Минхен го резервираа за Хрватска.

Тоа значи дека, на почетокот на ждрепката, без разлика од кој „шешир“ ќе доаѓаат, Данска, Германија, Шведска и Хрватска автоматски ќе бидат сместени во Ц, А, Д и Б групата, соодветно.

ИХФ уште ги нема официјализирано квалитативните „шешири“ за ждрепката, меѓутоа Спорт1 веќе пресмета дека Македонија ќе биде во третиот, заедно со Германија, што значи дека гарантирано нема да играме во Берлин. А бидејќи Германија е поголема желба за македонските навивачи од Данска, ни останува Минхен. Тоа би значело автоматски соочување со Хрватска и со Лино Червар.

Деновиве ИХФ треба официјално да ги соопшти „шеширите“ за ждрепката на 25 јуни.