Во спортот нема политика и национализам: Србин му помогна на повреден Хрват (ВИДЕО)

Дуелот од третото коло на кадетското ракометно првенство на Европа помеѓу Хрватска и Србија, кој заврши со победа на домаќините со 27-20 го одбележа ферплеј потегот на српски младинец, кој му помогна на хрватскиот противник да стигне до клупата откако се повреди.

Во еден продор, хрватскиот репрезентативец Фран Милета се повреди и остана да лежи на теренот, а потоа на сцена стапи Србинот, Иван Мичиќ и му помогна на Милета да стигне до клупата.