Веспрем и Манасков го „скршија“ Будакалаш пред мечот со Вардар

Веспрем одигра одличен фуриозен натпревар против Будакалаш и го декласираше својот противник со неверојатни 36-17, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков одигра уште еден одличен меч.

Веспрем доминираше во текот на целиот меч, па така се подготви за гостувањето кај Вардар во Лигата на шампиони во сабота од 17.30 часот.

Манасков одигра одлично и му постигна пет голови на својот противник, па така потврди дека се наоѓа во добра форма.

Веспрем во моментов има 13 победи и два порази во унгарскиот шампионат и се наоѓа на втората позиција зад Пик Сегед, кој има 18 победи од 18 натпревари.