Вардар со тројца ракометари во тимот на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

Вардар победи на два меча минатиот месец во СЕХА-лигата, па благодарение на останатите настапи, тројца ракометари си го најдоа местото во тимот на месецот.

Сташ Скубе, Иван Чупиќ и Домен Сикошек Белко беа избрани за најдобри од екипата на Вардар за минатиот месец.

На голманската позиција е Тодор Јандриќ, лево крило е Милош Грозданиќ, Борут Мацковшек е најдобар лев бек, додека Сташ Скубе е избран за најдобар среден бек. На позицијата десен бек е Микита Ваилупау, Иван Чупиќ е најдобро десно крило, а Домен Сикошек Пелко е избран за најдобар кружен напаѓач.

За најдобар тренер за минатиот месец е избран Веселин Вуковиќ од Металопластика.