Вардар ќе игра против Нексе на 1 февруари во СЕХА-лигата

Вардар соопшти дека вториот натпревар во СЕХА-лига за сезонава ќе го игра на 1 февруари против Нексе, а мечот треба да се одигра во СЦ „Јане Сандански“ од 20.15 часот.

Екипата на „црвено-црните“ соопшти дека договорот бил постигнат веднаш по завршувањето на настапот на хрватската ракометна репрезентација на Светското првенство (СП).

Исто така, шест ракометари на Вардар играа на СП во Египет, а тоа се Стоилов, Мишевски, Талески и Димитриоски за Македонија, Чупиќ за Хрватска и Валчак за Полска.

Потврдени термини за СЕХА-лигата се:

28 јануари 2021
Вардар 1961 - Војводина (17.45 ч.)

1 февруари 2021
Вардар 1961 - Нексе (20.15 ч.)

27 февруари 2021
Мотор - Вардар 1961 (20.15 ч.)