Вардар и Е. Пелистер дознаа кога ќе им почнат обврските во СЕХА!

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер за 15-тина дена ќе почнат со настапот во СЕХА-лигата, откако регионалната лига денеска објави дека новата сезона ќе почне на 10 октомври.

Тоа значи едномесечно пролонгирање на стартот, со оглед што првичните планови беа тоа да се случи на 12 септември. Прекинот на претходниот шампионат поради пандемијата со коронавирусот, поради што фајналфор-турнирот се одигра на почетокот од месецов, придонесе СЕХА да почне нешто подоцна од предвиденото.

Во новото првенство ќе настапуваат 10 тима, без ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет од минатата сезона, поделени во две групи. Вардар е во нешто полесна група со Татран Прешов, Војводина, Мотор и нексе, додека Е. Пелистер ќе игра против Веспрем, ППД Загреб, Мешков Брест и Металопластика.