Уште еден епски тајм-аут на Веселин Вујовиќ - овој пат против Вардар (ВИДЕО)

Веселин Вујовиќ е познат по своите тајм-аути на кои не само што дели совети, туку прави и своевидно шоу. 

На изминатото Европско првенство во Хрватска како селектор на Словенија имаше урнебесен тајм-аут кога му даваше совети на Благотиншек како да го чува Канељас на дуелот со Шпанија.

Новиот епски тајм-аут е од СЕХА-лигата, поточно од дуелот одигран во саботата помеѓу Железничар и Вардар. Вујовиќ им беше лут на своите играчи што играат премногу нежно во дуелите со „црвено-црните“ па им се закани дека ќе видат што ги чека, ако не направат две исклучувања во следните шест минути.

Вака беше на Европското првенство во Хрватска.