Стоилов: Ова беше увертира за Кил, сега уште да продолжиме вака!

Стојанче Стоилов е еден од ретките ракометари кои имаат четири пехари од СЕХА-лигата. Овој беше посебен, затоа што беше освоен против Загреб, како одмазда за загубеното финале во 2013 година.

Пивотот на Вардар и на македонската репрезентација рече дека колку и да беше тешко, сепак имале контрола врз натпреварот. Ова е добра најава, само Вардар да успее да одигра вака и против Кил.

„Луѓето мислеа дека ќе биде лесно со Загреб, но не излезе така. Екипа која добро ја познаваме, која многу ја почитуваме, а ова е финале, еден натпревар, може се да се случи. Мило ми е што победивме, им вративме за оној пораз во 2013 година. Беше добра увертира за Кил и се надевам дека вака ќе продолжиме. Го имавме ние натпреварот во контрола, ама беше тешко. Тие играа до крај во секој натпревар и тешко се справуваме.“, рече Стоилов.

Сега вардарци имаат неколкку дена одмор, а потоа гостување во Германија, на 22 април.