Вардар го победи ППД Загреб со 26-24 и ја освои СЕХА-лигата четврти пат во своето постоење. Црвено-црните се рекордери по освоени пехари, а оваа сезона го оправдаа и со извонреден ефект од 19 победи и само едно реми. Иако четврти и овој пехар им беше сладок како да е прв.