Скандал во БиХ: Не им го одложиле мечот, па намерно настапиле со заразени од корона!

Голем скандал се случил во Босна и Херцеговина и во тамошното ракометно првенство, откако екипата на Босна од Високо вчера одиграле меч со Криваја од Завидовиќ и на истиот настапиле шест играчи заразени од коронавирус.

Босна го загубила мечот со 31-33, но тоа што е најскандалозно е што клубот не ги изолирал ракометарите кои биле заразени, зашто тие уште од минатата недела имале симптоми. Но, Криваја не сакала да прифати одложување, па Босна како одговор на тоа ги пуштила и заразените да играат.

„Криваја намириса крв и не сакаа да го одложат мечот. Победија, ама каде е тука фер-плејот. Бодовите се освојуваат и се губат, ама образот и пријателите не може да се сочуваат“, рекле од Босна.

Но, шестмината ракометари кои имале сериозни проблеми, играле, а клубот вели дека кај нив проработел инаетот зашто Криваја не се согласила на одложување, иако биле уредно известени дека тимот на Босна е десеткуван.

Сега, медиумите во БиХ прашуваат, како воопшто некој дозволил играчите да настапат, а во изминатава седмица сите имале симптоми и заразата ептен можат да ја рашират, особено во период кога бројките на заболени се вртоглаво големи.

E ovako da krenemo redom: Šesti poraz u nizu: Krivaja je pobijedila na terenu, i na tome im "čestitamo", ali u fair...

Posted by RK Bosna Vispak on Saturday, October 31, 2020