Сеха направи мала промена: Вардар против Пекинг, Еурофарм во групата на Спартак

Со влегувањето на рускиот клуб Спартак Москва на местото на Татабања во регионалната СЕХА – лига, челниците направија измени во групите во кои ќе бидат распределени екипите учеснички во претстојната сезона.

Рускиот тим ќе се натпреварува во групата Б каде се наоѓа Еурофарм, додека гупата А, во која се наоѓа и Вардар, се сели дебитантот во ова натпреварување, Пекинг.

Првите натпревари од новата сезона во СЕХА-лигата ќе бидат одиграни на 3/4 септември.

ГРУПА А: Вардар, Нексе, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје,Пекинг Спорт Универзитет

ГРУПА Б: ППД Загреб, Мешков Брест, Еурофарм Работник, Металопластика, Веспрем, Спартак Москва