СЕХА лигата го одреди домаќинот на фајнал-фор турнирот (ВИДЕО)

Хрватска оваа година ќе биде домаќин на деветтото издание на Фајнал-фор турнирот во ракометната СЕХА - Гаспром Лига.

Овогодинешниот турнир ќе се одржи во Задар, од 3. до 5. април, а на него ќе учествуваат најдобрите четири екипи, меѓу кои конкурира и Вардар во дуелот против Нексе.

Со задоволство ве информираме дека Задар ќе биде домаќин на деветтото издание на Ф4 турнирот во СЕХА - Гаспром лигата. Ова е трет пат, по Загреб 2012 и Вараждин 2016 година,  Ф4 да се одржи во Хрватска. Како и секогаш, очекуваме навивачите да имаат шанса да гледаат врвен ракомет, но и да уживаат во целиот настан, истакна меѓу другото Синиша Остоиќ, извршниот директор на СЕХА - Гаспром лига.