Раул: Можеби Целје ни подготвува нешто ново, ние очекуваме сѐ!

Иако следува пауза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар уште се активни во СЕХА-лигата, пред да почне неделата на ЕХФ посветена на репрезентациите.

Вардарци денеска отпатуваа за Словенија за утрешниот натпревар со Целје. Словенечкиот тим секогаш бил инспиративен противник за црвено-црните и нивните меѓусебни натпревари имале многу голови, без разлика дали се среќавале во ЛШ или во СЕХА. Според зборовите на Раул Гонзалес, така треба да биде и утре до 17.45.

„Нѐ очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме сега нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Одбраната е интензивна со голем притисок. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за сѐ, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Може и да имаат нови комбинации. Треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува“, вели Раул.

Додека Вардар го држи првото место на табелата, со максимален ефект по пет натпревари, Целје е на петтата позиција десет бода, заработени со три победи и едно реми. Загубија само од Мешков Брест, на домашен терен.

Според Мијајло Марсениќ, пак, решението ќе биде да се запре Жига Млакар, најдобриот играч на Целје и третиот стрелец во СЕХА досега, со шест гола по натпревар.

„Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме во Словенија“, вели Марсениќ.