Српскиот ракометен сојуз се огласи по смртта на претседателот на РК Црвена Звезда

Денеска околу 14 часот во Белград, во просториите на Автомото сојузот на Србија, беше брутално убиен претседателот на ракометниот клуб Црвена Звезда и потпретседател на Ракометниот сојуз на Србија, Мирко Бутулија.

Ракометниот сојуз на Србија објави официјално соопштение по смртта на Бутулија, кој беше застрелан од секретарот Предраг Ѓурѓев.

„Ракометниот сојуз на Србија со жалење ја прими веста за трагичната смрт на Мирко Бутулија, потпретседател на нашиот сојуз и долгогодишен функционер во РК Црвена Звезда. Тој беше еден од најважните луѓе во ракометното семејство, човек кој во последните години даде голем придонес за развојот на ракометниот спорт. Ова е огромна загуба за неговото семејство. Ракометот остана без вреден човек, колега и пријател“, пишува во нивното соопштение.